Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озџивит или познат како Бали Бег може да заврши во затвор, пишуваат медиумите.
Ако актерот биде обвинет го чекаат 4 години зад решетки. Но, последниот збор ќе го даде Третиот суд во Истанбул.
Атрактивниот Бали Бег бил виновен за инцидент кој се случи претходниот декември на сет на серијата „Kurulus Osman“. Сценографот и уште три члена на екипата го тужиле за навредување на честа.
Во изјавата доставена до судот пишува дека актерот среде снимање излегол од шатрот и започнал да ги навредува и да ги нарекува со грди имиња, а за тоа може да сведочат неколку сведоци.
Меѓутоа, актерот ги демантирал обвинувањата. Медиумите пишуваат дека учесниците на инцидентот се обиделе мирно да го решат проблемот, но дека не постигнале договор.
Во следните денови Озџивит ќе даде изјава пред судијата.
фото: Инстаграм/буракозџивит