Радио Милева искривена слика

На Анета Наковска и го „налепија“ Закинтос, а и го премолчаа Солун: Сакајќи да и „сместат“ на фолкерката, испаднаа „смешни“?! (ФОТО+ВИДЕО)

На Анета Наковска и го „налепија“ Закинтос, а и го премолчаа Солун: Сакајќи да и „сместат“ на фолкерката, испаднаа „смешни“?! (ФОТО+ВИДЕО)

Коментирајќи го неделниот протест ,,Нашето име е наше право’’ на плоштадот Македонија во Скопје, некои од  провладините медиуми и нивните електронски изданија сакајќи да ја релативизираат сериозноста и бројноста на истиот, се обидоа на шеговит начин ги (дис)квалифицираат некои од непосредните говорници и учесници на истиот. Меѓу останатите на тапет  и некои од пејачите кои се најдоа на говорницата , односно сцената како фолк пејачката Анета Наковска, на пример.

Така, електронското издание на политичкиот интернет забавник, како што себеси се нарекува „Фокус“ коментирајќи кој се од пејачите настапил на протестот во вчерашното издание од 05 март 2018, во насловот на текстот пишува: „Сними спот на Закинтос, па порача дека името не го даваме“ – иронично алудирајќи на фолк пејачката Анета Наковска.

И не дека не се во право… само што правото намерно го искривуваат, за да ја искриват и сликата за некого, кој си ја сака својата земја и својот народ, зашто таквиот патриотизам во дадениот момент не му одговара на актуелниот режим и неговите медиумски мегафони!

Имено, Анета Наковска пред две години снимала на споменатата локација во што нема ниту нешто страшно, ниту е непатриотски!? Конечно, половина Македонија оди кај јужниот сосед на летување, што не значи дека  се сите изроди и предавници кои не си ја сакаат татковината, името, нацијата, идентитетот, јазикот… и не излегуваат на протести кога истите ни се загрозени!

Конечно, споменатата македонска фолкерка беше една од ретките, ако не и единствената, која среде истата таа Грција или поточно, среде Солун отпеа македонска народна песна со патриотска содржина на Македонски јазик… И згора на сето тоа, среде Солун снимаше и дел од кадрите за видеоспотот за истата таа песна насловена „Ајде в наша родина“. 

Дали од незнаење или од пуста желба да им удоволат на оние чии поддржувачи се, овие од политичкиот интернет забавник го премолчеле овој факт, па наместо пофалби за патриотскиот чин – и тогаш и сега, Анета Наковска доби етиката во стилот: „Се збодна таму да снимаш, а сега против истите протестираш“. 

Да беше поинаку, а тие и нивните во поинаква позиција, ќе беше обратно! Вака, на Наковска македонската песна со патриотска содржина „Ајде в наша родина“ и  спотот од Солун и ги премолчеа, ама затоа устата и пишаните редови им се полни со Закинтос и „Дај Џони“!    

 

 

To top