Новогодишната ноќ, покрај алкохол, провод и бројните настапи многу пејачи во Белград, исто така беше обележани и со скандали, а вистинската драма се одиграла во еден од угостителските локали. Додека сите играа, пееја и се забавуваа на музиката, непознат млад човек извади пиштол во преполниот локал и го впери во пејачката Марија Ана Смиљаниќ, која и ја потврдила веста за немилата случка која за малку ќе завршела со трагичен крај.
„Пеев преку ден во локалот, кога ми се приближи едно момче на возраст од 25-26 години и побара од мене да пеам некои песни… Ми климнав со главата, а потоа отидов на втората маса, за тој да направи драма, и да ми се заканува дека ќе ме упука со пиштол. Тука се најде и сопственикот на локалот, кој тоа го слушнал и веднаш го исфрли пијаното момче надвор, па сè мирно мина, јас дури и не разбрав точно што се случи“ – вака Марија Ана ја започнува приказната.
„По некое време, момчето се врати, направи со замотан шал околу лицето за никој да не го препознае и во кафулето влегзе нормално. Во следниот миг тој извади пиштол пред сите. Јас го искористив моментот кога тој ми зврте грб и побрзав да се сокријам во тоалетот кој беше близу до сцената. Искрено, не ми беше сеедно… Никогаш не ми се случило на моите настапи некој да потегне пиштол“ – вели Смиљаниќ раскажувајќи како завршила оваа драма.
„Се работеше за младо момче, не знам што беше причината? Мислам дека тоа е затоа што веднаш не ги пеев песните што ги побара, туку прво оние што претходно беа нарачани од другата маса. Додека бев во тоалетот, обезбедувањето и сопственикот на локалот некако се справиле со него и одново го исфрлиле надвор, па сè среќно се заврши. Бев исплашена, во еден момент имаше паника и меѓу луѓето во локалот. На оние кои не видоа што се случило, им извикував од сцената да одат до тоалетот за да се заштитат себеси. За среќа, се’ добро се заврши“ – заклучи пејачката Марија Ана Смиљаниќ, која минатата година учествуваше и во реалното шоу „Задруга“.