Мегафон

На 6-ти август: „Дојран рок фест 2022“ – по втор пат

На 6-ти август: „Дојран рок фест 2022“ – по втор пат

Здружението “Андерфест” ќе го одржи второто издание на “Дојран Рок Фест”. Оваа година фестивалот ќе се одржи кај базенот Хотел “Романтик” во Стар Дојран на 6-ти август 2022 година.

„Со особено задоволство ви го најавуваме второто издание на “Дојран Рок Фест”. Продолжуваме и оваа година со нашата мисија, да го збогатиме културниот живот во овој дел од нашата земја и да продолжиме со промоција на млади артисти. На нова локација на 6-ти август на сцената на Базен-Хотел “Роматик” во Стар Дојран со особена чест ви ги најавуваме нашите рок легенди “Ареа” кои оваа година прославуваат 30 годишен јубилеј. Милениците на публиката ќе ги отсвират своите вонвременски хитови, а воедно ќе го презентираат и својот нов материјал. Како загревање и предгрупи ќе го имаме и младиoт супер талентиран Јовче Пандев со неговиот бенд, како и енергичните Sound Impulse кои ќе го збогатат овогодинешното издание на фестивалот”, соопштуваат организаторите на фестивалот.

Влезниците се пуштени во претпродажба  во Bellissimo Coffee House Гевгелија, Cafe Room 7 во Струмица, Dojran Hotel Romantique Plaza, Romantique Plaza Pool & Bar. На врата билетот ќе чини 30% поскапо од претпродажната цена.

To top