Американската актерка Кели Престон почина на 58-годишна возраст од рак на дојка, објави денес нејзиниот сопруг, актерот Џон Траволта.
Тој рече дека Престон починала по двегодишна борба со болеста, пренесува АП.
“Ве известувам со тешко срце дека мојата убава сопруга Кели ја изгуби двегодишна битка со рак на дојка. Таа храбро се бореше заедно со љубовта и поддршката на сите нас”, напиша Траволта.
Таа беше во брак со Траволта 29 години и со него ја има ќерка Ела (20) и синот Бенџамин (9), додека нивниот син Џет почина во 2009 година.
Таа е позната по улогите во филмовите Близнаци и Џери Мекгваер, а последниот филм што го сними беше „Последната песна“ со Мајли Сајрус.