Мегафон jazz day

На 30 април: Битола ќе го одбележи „Меѓународниот ден на џезот“

На 30 април: Битола ќе го одбележи „Меѓународниот ден на џезот“
На 30-ти Април со почеток во 12.00 часот на платото пред Офицерскиот дом – КИЦ – Битола ќе биде поставена изложбата на фотографии „Џезтетика” на фотографот Татјана Ранташа, а во музичкиот дел битолчани ќе можат да го проследат настапот на македонскиот џез квартет „Сашо Поповски квартет”, со познатите џез артисти: Сашо Поповски, Иван Бејков, Ратко Даутовски и Кирил Кузманов.
Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џез музиката кој вклучува над 1000 настапи и концерти во преку 190 земји во светот. Имено во Ноември 2011 година , Генералното сообрание на УНЕСКО, го прогласи 30 Април за Меѓународен ден на џез музиката, со цел да ја промовира истата како алатка за мир, заедништво,разбирање и дијалог помеѓу луѓето.
ЈОУ КИЦ – Битола , се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот- Jazz day, воедно промовирајќи го новиот музичко – сценски простор како најава за богата концертна сезона.
To top