Тетовското културно лето кое ќе стартува на 26-ти јули (среда), годинава под мотото „Да прославиме во Татковината“ истото ќе биде поделено на неколку културно забавни вечери, односно, секоја вечер ќе биде тематски поделена.
- 26 – 28 јули – Младински вечери
- 30-ти јули – Македонска вечер на која како што дознаваме ќе настапат: КУД “Бранко Чајка”, КУД “Св.Сава”, Тамбурашката група “Скадарлија”, познатата пејачка Лени Партикова, поп пејачката Бојана Скендеровски како и ѕвездите на вечерта групата “Ареа”, со чиј концерт и ќе заврши првата македонската вечер дел од Тетовското културно лето.
- 31-ви јули – Турска вечер (со познати музички имиња од турската музичка сцена)
- 1-ви август – Македонска вечер, на која овој пат ќе настапат познатите DJ-и со свои DJ сетови: Papak Bass, S.A.M., Capee & Manojlovv, Hansen B2B Cundalini.
- 2 август – Ромска вечер (со познати музички имиња од ромската музичка сцена)
- 3 – 4 август – Албанска вечер (со познати музички имиња од албанската музичка сцена)
Сите концерти и настани поврзани со Тетовското културно лето ќе се одржат на Плоштадот “Илирија” во центарот на Тетово.