Мегафон

На 26-27 август: „БОШ фестивал“ во Гевгелија

На 26-27 август: „БОШ фестивал“ во Гевгелија

14-тото по ред издание на БОШ Фестивал  ќе се оддржи на 26-ти и 27-ми август во Гевгелија. Локално сконцентирана, глобално ориентирана, посветена програма. Изложби, инсталации, видео проекции, филмови, промоција на роман, работилница за деца, саем на независно издаваштво и концерти во двата фестивалски денови кои ќе се случуваат во Народниот театар и во Уметничката Галерија АМАМ во Гевгелија, но и трети пат по ред промоција на мурал на Ракометното игралиште во Гевгелија. 14 години БОШ оаза во нашата база Гевгелија. Петок и сабота журка и недела афтерче на Сифулајка. Како летото си стивнува така си мириса на БОШ.

To top