Мегафон

На 21 септември започнува „Пиволенд 2023“ во Скопје

На 21 септември започнува „Пиволенд 2023“ во Скопје

Најголемиот гурмански викенд со пиво во Скопје како и предходните изданија ќе понуди широка лепеза на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и многу различни домашни крафт (занаетчиски) пивски брендови кои посетителите ќе можат да ги дегустираат заедно со вкусна храна и богата музичка програма. На трите фестивалски дена музичката програма ќе започнува во 18 часот и ќе трае до раните утрински часови.

Наскоро ќе бидат објавени учесниците и музичарите кои оваа година ќе го обезбедат уживањето на скопјани и сите посетители. Музичкиот портал Музика24 исто како и минатата година, и оваа, е еден од медиумските покровители на Пиволенд.

Од организаторите на фестивалот доаѓа и апел до посетителите да конзумираат одговорно, да избегнуваат користење на моторни возила како и да го почитуваат долгогодишното мото:

ДОЈДИ-ВИДИ-ИСПИЈ – ПИВОЛЕНД 2023