Мегафон средно ленд

На 2-ри мај во „Салон 19:19“: Учениците од СУГС “Георги Димитров” со театарска претстава “Апел за …”

На 2-ри мај во „Салон 19:19“:  Учениците од СУГС “Георги Димитров” со театарска претстава “Апел за …”

Во рамките на годинешната средношколска манифестација „Средно ленд“ во организација на „Универзална сала“, а финансиски поддржана од Град Скопје, СУГС “Георги Димитров” на 2 мај во Салон 19:19 во 20:00 часот ќе ја прикажат драмата “Апел за …”

„Апел за…”, театарска претстава, првпат поставена на аматерска сцена во 2012г., текст кој обработува горливи теми од секојдневието на младиот човек, пороци како алкохол, дрога, коцка, но и депресија и сида како болести. Монолози за неприфатеност, отфрленост, извртена реалност, погрешни вредности, лоши животни одлуки, заблуда, болка, тага, горчина… И додека, ние возрасните, живееме помеѓу реалноста и фикцијата, се руши цел еден свет на млади луѓе кои со молк, апелираат дека им е потребна наша помош.

Текст и режија: Марина Иванова

Учествуваат:

Јована Андреева,
Илина Димитриевска
Ања Јолакоска
Екатерина Секованиќ
Ивана Алексова
Мартин Тодороски
Стефан Мојсеов
Митја Мехмедовиќ

Техника:

Неда Илиева

To top