Фестивалот на новосоздадени македонски патриотски и родољубиви песни „Гоце фест“, кој го чествува великанот Гоце Делчев, годинава ќе се одржи на 18-ти март од 20 часот во Домот на АРМ во Скопје. Во годината кога се одбележуваат 150 години од раѓањето на војводата, ќе настапат дваестина фолк изведувачи. Помеѓу нив се афирмирани изведувачи како: Блага Петреска, Петар Нечовски, Круме Спасовски, Ванчо Тарабунов, Ристо Краповски итн.
Фестивалот е во организација на Ансамблот за народни песни и ора „Гоце Делчев“ од Скопје, а во чест на 4-ти февруари- денот на раѓањето на Гоце Делчев. Во изминатите децении, тргнувајќи од 1990-та година на сцената на фестивалот беа изведени близу 700-тини композиции со родољубива и патриотска содржина, од кои поголемиот дел, веќе се широко прифатени и обнародени.