Мегафон дневна промоција со вечерен настап

На 17-ти март, во ресторан „Дион“ во Скопје: „Амадеус бенд“ со вечерен настап и дневна промоција за медиумите на новата песна и видеоспот – „Београд“ и документарецот за нивниот починат член Токан  

На 17-ти март, во ресторан „Дион“ во Скопје: „Амадеус бенд“ со вечерен настап и дневна промоција за медиумите на новата песна и видеоспот – „Београд“ и документарецот за нивниот починат член Токан  

Најпопуларниот музички состав кој повеќе од 20 години ниже хитови и прави спектукаларни концерти и настапи во целиот регион, ги промовира новата песна и виеоспот „Београд“ во Скопје.

Промоцијата за медиумите е закажана на 17-ти март, четврток, со почеток во 12.00 часот напладне во ресторан „Дион“.

Покрај присуството на членовите на бендот и македонската премиера на видеото, ќе биде прикажан и кусиот документарец во сеќавање на нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан, кој пред две години го изгуби животот од короната.

По завршувањето на промоцијата ќе следат новинарски прашања, снимање изјави, интервјуа… со членовите на бендот од новинарите и заедничко дружење со нив на мала коктел закуска.

Главниот настан ќе се случува вечерта, кога „Амадеус бенд“ во ресторан „Дион“  од 20.00 часот  ќе имаат вој настап, каде пред публиката ќе ги изведат своите најголеми хитови и секако ќе ја промовираат и новата песна „Београд“ во живо.

Бројот на места за вечерниот настап е ограничен, а настанот ќе се одвива според важечките здравствени протоколи за Ковид 19.

To top