Џим Кери е еден од најплатените комичари, а патот до Холивуд не му бил ниту малку лесен.
Ова можеби не сте го знаеле за него:
- Славниот актер имал многу тешко детство, живеел на работ на егзистенција, па заедно со семејството одредено време бил принуден да живее во напуштена приколка.
- Целото семејство напорно работело на чистење на фабрика и фабричките машини за да преживее.
- Џим како дете бил многу срамежлив и несигурен во себе, па сето тоа го заменил со правење на смешни гримаси, што подоцна го прослави.
- Пред да успее во Холивуд, настапувал во клубови како комичар со што му помагал на своето семејство финансиски.
- На 16 години бил исфрлен од училиште, а на 18 тргнал во Холивуд.
- На почетокот на 80-тите години го снимил својот прв целовечерен филм „Запознајте го Џенет“ каде што ја толкува улогата на неуспешниот комичар Тони Морони.
- 80-тите не биле успешни години за Џим, па паднал во тешка депресија, но не се откажал, па во текот на 90-тите доаѓа неговиот „раст“ во кариерата, прво со филмот „Ace Ventura“, а подоцна и останатите големи филмски улоги кои ги добил.
- Поранешната девојка на актерот Џим Кери извршила самоубиство во септември 2015 година. Таа се предозирала со различни таблети и така себеси си го одзела животот, а нејзините родители го обвинувале актерот дека тој е всушност виновникот за тоа.