Се е подготвено за 28-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ што ќе се случува на 10-ти и 11-ти септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, со фолк и интернационална вечер. Ќе слушнеме добри песни, две вечери исполнети со музика која претставуваат мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината, а меѓу познатите изведувачи ќе видиме и многу ѕвезди од Балканот.
На првата, Фолк вечер ќе слушнеме 17 песни, уметничкиот директор е Цане Петров, традицонално, водителката е Каролина Петковска, а во ревијалниот дел ќе настапи групата „Легенде“ од Србија.
Во втората, Интернационалната вечер ќе се престават 20 изведувачи: покрај македонските интерпретатори, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји, од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија. Уметничкиот директор е Горан Шарац, водителката е Маријана Станојковска, а во ревијалниот дел ќе настапи Владо Калембер. На „Охрид фест“ доследно ќе се почитуваат сите мерки за заштита од пандемијата.
Во продолжение прочитајте ги учесниците од Фолк и Интернационалната вечер на 28-то издание на „Охрид фест“:
Учесници и песни на Фолк вечерта – 10-ти септември 2021
- Методија Столески – “Топли солзи избриши”;
- Суада Каришиќ – “Лажна надеж”;
- Ибуш Ибраимовски – “Сто лири”;
- Мирко Вретоски – “Најмила моја”;
- Јагода Крнетиќ Јефтиќ – “Судба ли е судбино”;
- Кирил Белистојаноски – “Љубов за два животи”;
- Барбара Јаковлеска – “Колнат очи две”;
- Дарко Билбиловски – “Како беше да си вљубен”;
- Милован Секулоски – “Каде и да си”;
- Катерина Брезева и Соната – “Ода за љубовта”;
- Петар Нечовски – “Љубов вечно да не грее”;
- Нино Величковски – “Уште еден живот”;
- Благоја Грујовски и Сани – “Зошто толку чекаме”;
- Скопски Боеми – “Кога љуби Стружанче”;
- Ирена Спасовска – “Дај само дај”;
- Перо Христов – “На капија една мајка плаче”; и
- Благица Павловска – “Без тебе неможам да живеам”.
Учесници и песни, пак, на Интернационалната поп вечер што ќе се одржи на 11-ти септември 2021 се следните:
- Наталија Данаилова – „Вреди ли”;
- Дарко Капо – „Мени треба испод неба”;
- Марија Лукиќ – „Историја љубави”;
- Јована Мустур Ражнатовиќ – „Конте”;
- Теди Грубица – „Не верујем да постојиш“;
- Мелани – „А ти”;
- Expose – „Не се предавам”;
- Слободанка Танева – „Зад погледот твој”;
- Славен Кнезовиќ – „Море није дало”;
- Инес Ербус & Давид Амаро – „Кад ти дотакнем усне“;
- Александар Јосифовски – „Оди“;
- Кристина Бобан – „Гори све“;
- Интервали – „Како порано”;
- Срѓан Марјановиќ – „Нисам ти баш све рекао“;
- Rina Ramadani – „Nese dot vdes”;
- Филип Јордановски – „Принцеза”;
- Medea – „Волшебства”;
- Wolf – „Maybe Someday”;
- Лена – „Лажи ме” и
- Владо Калембер – „Љубав је тамо где си ти“.
И оваа година, како и годините наназад, музичкиот портал Музика24 кој патем е единствениот музички медиум од ваков тип во Македонија, е соработник и медиумски покровител на 28-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ што ќе се случува на 10-ти и 11-ти септември.