Радио Милева
од немаштија до раскош

Некогаш сиромашното и скромно девојченце од фотографијата, денес е расна, силконска русокоса фолк ѕвезда: Можете ли да ја препознаете? (ФОТО)

Некогаш сиромашното и скромно девојченце од фотографијата, денес е расна, силконска русокоса фолк ѕвезда: Можете ли да ја препознаете? (ФОТО)

Таа денес е голема фолк ѕвезда, а сега на социјалните мрежи се сеќава на своето детство.

Дара – Бубамара објави фотографија кога била мало девојче, која никој не ја видел. Сите забележаа дека Дара воопшто не личи на себе, со оглед на тоа што има црна коса, а сега ја препознаваат по платинесто русата нијанса.

Фотографијата на Инстаграм ги разнежни сите кои ја следат пејачката.

„Малата Дарица“, напишала Бубамара на својот Инстаграм враќајќи ги  спомените од помладите денови.

Да потсетиме, Дара кариерата ја започна на само 12 години, подоцна беше во бенд за да се прослави како соло пејачка, а уште тогаш беше забележана по својата енергија.

Во едно интервју, зборувајќи за почетоците на нејзината кариера, пејачката изјави дека во младоста не можела ни да замисли дека ќе стекне толкава популарност и дека ќе има многу пари.
„Успеав, затоа што морав да се борам. Ништо не ми беше дадено на послужавник. Во животот заработив повеќе од милион евра, а понекогаш немав ниту за основни работи. Се сеќавам дека му кажав на татко ми да ми купи фустан и чевли, а тој рече дека не може, бидејќи нема плата. Денешните деца се сосема различни, мора да имаат се одеднаш. Не јадевме во ресторани како денес, туку дома мајка ми постојано готвеше. Јадевме леб и свинска маст. За време на училишниот одмор одев дома да јадам, бидејќи моите немаа пари да ми даваат за џепарлак“ – раскажува дара – Бубамара, некогаш сиромашното и скромно девојченце од фотографијата, денес расна, силконска русокоса фолк ѕвезда.

Останати вести од Радио Милева