Мегафон изданија

Музиката на „Љубојна“ за филмот „Стела“ на ЛП плоча

Музиката на „Љубојна“ за филмот „Стела“ на ЛП плоча

Продукцијата која стои зад филмот „Стела“ објави дека наскоро ќе биде промовиран албумот со целата музика од филмот, и тоа на винил. Винилот ќе биде издаден за дискографската куќа ПМГ Џез. Музиката за првиот македонски детски филм ја работеше Оливер Јосифовски и „Љубојна“. Тие во јули 2020-та година објавија сингл „Љубов по Татунчо“, кој е само една од нумерите специјално подготвени за филмот на режисерот Стојан Вујичиќ. Наедно, „Љубојна“ со овој настап одбележуваат 20 години од своето постоење на музичката сцена.

To top