Тошо Филиповски, музички новинар и неуморен хроничар на сѐ што е поврзано со македонската популарна музика е еден од добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2021 година во областа на публисцистиката, објави Министерството за култура.
Филиповски е автор на монографиите „Македонска рок-енциклопедија“, „Македонска дискографија – винили 1958-2019“ и „Македонски рок-времеплов“ која излезе во печат оваа година.
„Благодарам од се срце – на Бранка Branka Kostic Markovic и Ѕвездан Zvezdan Georgievski што веруваа во она што го работам, и ме/ја предложија (Монографијата: Македонски Рок Времеплов) за државната награда “Мито Хаџивасилев-Јасмин„.
Благодарам на Марина Marina Kostova која ме мотивираше да не се окажувам од нова трка.
Благодарам на Виолета Violeta Simjanovska, Русе Арсов (МКЦ) и Тони Toni Dimkov за поддршката на иницијативата.
Благодарност и до Билјана Biljana Tanurovska – Kj, Марјан Mayo Bojadziev и Влатко Стефановски кои истата поддршка ми ја дадоа пред две години.
Благодарам пред се на македонската рок сцена, која опстојува еве веќе 6 децении, за нејзиниот богат опус, кој е огромно неистражено поле за документирање…..за уште десетина вакви изданија….минимум.
Одиме понатаму, наскоро следува нова книга…
Оваа награда НЕМА ДА БИДЕ…КУПЕН МИР И ТИШИНА“ – напиша Филиповски на својот Фејсбук профил по веста за наградата.