Мегафон

Музичкиот електронски фестивал „Калабалак 2018“ на 14 јули во Радовиш

Музичкиот електронски фестивал „Калабалак 2018“ на 14 јули во Радовиш

“Калабалак”- е електронски музички фестивал кој  традиционално се оддржува  во Радовиш, оваа година на 14ти јули.

Својата прва едиција ја доживува во 2015та со огромен интерес и оставен впечаток кај љубителите на електронската музика од Источна Македонија, како и сите кои биле дел од ова музичко доживување.

Оваа година со гордост ви го најавуваме четвртото издание на  Фестивалот Калабалак #4 организирано од страна на Experience,        со многу поголема продукција за загарантирано доживување  на фестивалот.

Посебна чест и задоволство ни е да го најавиме JUSTIN MYLO како главна ѕвезда на вечерта, диџеј и продуцент кој веќе има настапувано на сите најголеми музички фестивали ширум светот како Ultra Music Festival (Miami), Tomorrowland (Belgium), EDC (Las Vegas) и многу други. Познат е по неговите успешни соработки со холандскиот диџеј и продуцент Martin Garrix каде   што заедно котираат високо на топ листите за електронска музика ширум светот.

За комплетната програма на фестивалот Калабалак како официјална домашна подршка ке се погрижи Ampov кој редовно настапува на повеќето големи фестивали заедно со светските диџеи Martin Garrix, Hardwell, Ravitez . За загревање на публиката ке се погрижат Македонските диџеи Disconnected  и Cyrillic

Влезниците можат да се купат на www.kupikartizase.mk или на самиот влез.

 

To top