Со оглед на новонастанатата ситуација и новите мерки од страна на МНЗ за забрана на настапи на диџеи и музичари, заедно со останатите колеги, сопственици на ноќни клубови и локали приморани сме правдата да ја бараме преку мирен музички протест.
Утре, среда во 14 часот пред влада на РМ ќе се оддржи мирен музички протест се со цел да се избориме за нашите работни права кои ни ги одземаа со последната одлука на МНЗ. Ве повикувам сите заедно да се здружиме и да ја поддржиме ивент индустријата која е најзасегната од самиот почеток на пандемијата.
ПС. Задолжително држење на дистанца и покриена уста ( марама или маска ).
Се гледаме утре во 14ч пред влада – порачуваат организаторите на протестот.