Музејот „Мадам Тисо“ во Лондон истакна дека принцот Хари и Меган Маркл ќе бидат сместени во посебен дел и нема да бидат заедно со кралицата Елизабета, принцевите Филип и Чарлс, како и со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, пишува „Ројтерс“.
„Заедно со остатокот од светот реагираме на веста дека војводата и војвотката од Сасекс се повлекуваат од кралските должности“ изјави генералниот менаџер Стив Дејвус.
Веста за повлекувањето на принцот Хари и Меган Маркл беше главна во британските медиуми кои пренесуваат дека за оваа одлука не била известена ниту кралицата Елизабета.
Кралското семејство е навредено и повредено со оваа одлука, пренесува „ББС“ и пишува дека Меган и Хари не се консултирале ниту со еден член на семејството.
Во кратката реакција на Бакингемската палата се наведува дека ја разбираат нивната желба за поразличен пристап, но ќе треба време за „комплицирани прашања“.
Британскиот таблоид „Сан“ пишува дека кралицата е длабоко потресена и дека заминувањето на Меган и Хари ќе предизвика „војна“ во кралското семејство.