Радио Милева младост-лудост...

Мустафа Сандал не е првиот маж на Емина Јаховиќ: Пејачката се омажила бегалка на неполни 17 години, а по шест месеци се развела (ФОТО)

Мустафа Сандал не е првиот маж на Емина Јаховиќ: Пејачката се омажила бегалка на неполни 17 години, а по шест месеци се развела (ФОТО)

Емина Јаховиќ пред неколку години стави точка на бракот со турската поп-ѕвезда Мустафа Сандал, со кој ги има синовите Јаман и Јавуз.

Но малкумина знаат дека тоа не е прв брак на пејачката зашто првиот брак на Емина Јаховиќ во кој таа ќе влезе на многу млада возраст, остана обвиен во тајност. Многумина не ни знаат дека пејачката зад себе имала уште еден брак кој го склучила на само седумнаесет години, но по шест месеци следел брачен крах и развод.

Имено, убавата Емина била во брак со извесен Аладин Ѓуловиќ, сограѓанин од Нови Пазар, поради кој, како што се шпекулирала, побегнала од дома. Станува збор за нејзината младешка и прва голема љубов, која беше крунисана со брак, а невестата била во бела венчаница и истрижана до глава. Емина еднаш проговори на оваа тема и ја откри  вистината:

„Не бев ни полнолетна. Убаво беше, имав убава венчаница и косата ми беше ептен кратко истрижана, сантиметар и пол. Некои сериозни работи што ви се случуваат додека сте млади се убави. После тоа, кога ќе созреете, тоа станува малку сериозна ситуација“ – изјави тогаш Емина.

Аладин сега е приватен бизнисмен, среќата ја нашол покрај друга жена со која основал семејство, а иако никогаш не се огласил јавно за својот прв брак, неговиот татко Рустем Ѓуловиќ за медиумите сепак нешто изјавил за својата поранешна снаа:

„Семејството на Емина го познавам одамна, основно училиште одев во исто одделение со нејзината мајка Сенија. Бракот меѓу неа и мојот син не беше договорен икао тие многу се сакаа. На почетокот не бев за тој брак бидејќи и двајцата беа премлади. Одеше на училиште кога се омажи за мојот син. Беше голема свадба во Нови Пазар, се снимаше со камери, славеше речиси целиот град“ – рекол бившиот свекор на Емина.

Фото: Инстаграм принтскрин/yaemina

To top