Британската принцеза Беатрис е до уши заљубена во своето ново момче Едоард Мапелиј Мози кој го запозна пред два месеци, а според пишувањето на „Дејли мејл“, наскоро може да се слушнат и свадбените ѕвона.
Беатрис со Мози (34) пред два месеци ги запозна заеднички пријател, се движат во исти кругови и меѓу нив веднаш имало хемија.
Не е грешно да се спомене дека тој е мултимилионер кој се занимава со недвижнини. Беатрис како свое момче го претстави минатата недела на едно лондонско модно случување, а го запознала и со родителите, војводата и војвотката од Јорк.
Мози веќе еднаш беше оженет, а од првиот брак има двегодишен син, што значи дека според исказите на пријателите, Беатрис многу наскоро може да стане сопруга и помајка.
Извор за таблоидот „The sun“, вели: Нештата меѓу нив се одвиваат со неочекувана брзина. Никој од нас не би се изненадил од веста за нивна свршувачка.
Пред Мози принцезата имаше десетгодишна врска која ја прекина во 2016 година.