Мегафон

„Мугер Фугер“ и ГоТра со концертна промоција на „Во ова време“

„Мугер Фугер“ и ГоТра со концертна промоција на „Во ова време“

На 5-ти декември, во МКЦ, ќе се одржи концертна и ЛП промоција на музичкиот проект Мугер Фугер + ГоТра  – „Во ова време“.

Еден од најважните македонски музичари на сите времиња, Горан Трајкоски, („Падот на Византија“, „Анастасија“, „Мизар“) и бендот чија музика е звучен одблесок на човековиот примордијален крик, „Мугер Фугер“, на домашен терен ќе ја резимираат нивната десет годишна соработка.

Вратите на настанот ќе бидат отворени во  20:00 часот, а почетокот на концертната промоција е закажан за 21:00 часот. Влезот е слободен.

На настанот во продажба ќе бидат пуштени и 300 ЛП плочи.

To top