Радио Милева Потрага по нови таленти

„Му се восхитувам на енергијата“: Саша Поповиќ повторно дојде да бара таленти во Македонија, а оваа наша позната пејачка му беше десна рака (фото)

„Му се восхитувам на енергијата“: Саша Поповиќ повторно дојде да бара таленти во Македонија, а оваа наша позната пејачка му беше десна рака (фото)

Се приближува финалето на тековното издание на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ кога ќе биде прогласен ппбедникот, односно најдобриот меѓу финалистите.

Како и секоја година, уште пред да се случи главната вечер, Саша Поповиќ го стартува својот караван низ Балканот во потрага по нови кандидати за следната сезона.

Македонија веќе проверено е ризница на таленти, па Поповиќ не случајно меѓу првите градови од својата агенда го избра Скопје. Аудицијата се случи во Канал 5 телевизија, фреквенцијата на која се прикажува „Ѕвездите на Гранд“, а помош на Саша или десна рака во изборот на пријаавените му беше нашата позната пејачка Бојана Скендеровски која за Вистина го сподели своето искуство со Поповиќ и како го доживеала:

-Одлично си поминавме, Сапа е супер и непосреден. Разговаравме околу кандидатите, кај кого што е добра и лоша страна, тој има високи критериуми, многу добро знае што сака и бара. Му се допаѓа мојата нова песна „Среќа и несреќа“…Му се восхитувам на енергијата и ентузијазмот со кој што го работи овој прокет, иако веќе долго време го работи од 2004 година. Приодот му беше толку професионален како да му е прва година, вели Бојана за Вистина.ком.мк.

На работна позиција беше и водителката Александра Пановска Илиевска која се дружеше со Бојана и со гостинот.

Како тоа изгледало, очекуваме да погледнеме во некое од ексклузивните сними од македонските кандидати кои се ппкажале во најдобро светло.

фото:Инстаграм/Фејсбук/Бојана Скендеровски/Александра Пановска-Илиевска

To top