Радио Милева

Му се стопи срцето: Игор Џамбазов не можеше да верува што најде пред вратата на својот дом (фото)

Му се стопи срцето: Игор Џамбазов не можеше да верува што најде пред вратата на својот дом (фото)

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов е омилен меѓу публиката од најмалите до најстарите.

Љубовта меѓу Игор и неговата публика е обострана.

Колку го сакаат Џамбазов покажува и фактот што деновиве шоуменот доби изненадување најмилите, најискрените, кое многу го израдува.

Имено, по неколку часовно враќање дома Игор пред својата врата најде искрено изненадување кое не го очекуваше, а истото го направи среќен.

 

View this post on Instagram

 

Те сакам Македонијо… ❤ #МакедонијоПрибериСе

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Тој пред својот дом најде листови на кое беа испишани пораки, но и топчиња со кои ќе се игра неговата мачка Емче.

 

View this post on Instagram

 

Будење… #EmcheTheCat

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

„Драг Игор Џамбазов,

Имате најголема поддршка од нас. Вие сте едни од ретките луѓе што останаа  на македонската сцена. Ве сакаме и почитуваме премногу и продолжете така. Поздрав до Емче“ пишува на едното ливче.

Игор со овој гест се пофали на „Инстаграм“, а веднаш под објавата следеа позитивни коментари.

„Се враќаш дома после часови проведени надвор и пред вратата го наоѓаш ова. Срценце за мене, а топчиња за да си игра Емче. Деца, кои и да сте – Ве обожавам„ напиша Џамбазов на „Инстаграм“.

фото: Принтскрин/инстаграм

 

Ваквите изненадувања секогаш знаат да не израдуваат и да ни предизвикаат насмевка на лицето потсетувајќи ни колку животот е убав и вреден.

To top