Вистинската љубов не познава никакви препреки и граници, а за желбите и за сите возможни нешта кои може да се случат, се потребни само двајца заљубени.
Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска откако ја облеодени својата ромаса со пејачот и колега Иван Јованов, двајцата не се штедат јавно да покажат колку е силна нивната љубовна врска.
Антониа беше онаа што овој пат му приреди изненадување на Иван од кое го остави со подзината уста, му го растрепери срцето, му се оставри сонот, а со тоа Антониа доби уште подлабоко месето во неговото срце.
Како пто пишува Иван во опсот на видеото кое го објави на својот Фејсбук, Антониа го излажала дека ќе одат на патување во Истанбул.
Но, дури откако стигнаа на скопскиот аеродром, а таа ги подигна авионските билети, му откри и наедно му приреди големо изненадување со тоа што наместо во Истанбул, ќе патуваат во Рим и тоа специјално за фудбалскиот натпревар помеѓу Рома и Јувентус.
Иван како голем фан на Рома, не можеше да верува каква авантура го очекува во Италија.
Можеше само да ја прегрне саканата и да јавно да и искаже љубов. Рим е познат како градот на љубовта, а иако овојпат фудбалот беше приоритет, не се сомневаме дека ова изненадување дополнително ги разгорело љубовните искри кај познатата двојка.
Откако приостигнаа, на социјалните мрежи објавија и фотографии од трибините на стадионот, а иако Рома изгубија на домашен терен со резултар 2:1 за Јувентус, возбудата кај Иван не исчезна, но сигурно ќе беше уште поголема доколку неговите омилени беа победниците.
Како изгледаше моментот кога Антониа го изненади Иван, гледате од видеото во продолжение: