Радио Милева секој си живее свој живот

Му посака само едно: Ана Николиќ проговори за новата љубовна врска на Раста и откри каков однос има со бившиот сопруг (фото)

Му посака само едно: Ана Николиќ проговори за новата љубовна врска на Раста и откри каков однос има со бившиот сопруг (фото)

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста ужива во врската со неговата нова девојка Марија Балабан, која е 12 години помлада од него.

Тие двајца заедно отпатуваа во Хрватска, од каде се огласија на социјалните мрежи, а со истите приказни на Инстаграм привлекоа и големо внимание.

Бидејќи ова е првата девојка на Раста за која јавноста дозна откако се разведе од Ана Николиќ, еве како пејачката ја коментира оваа тема.

– Не сум во тек, дознав од медиумите. Со години сме разведени, секој си живее свој живот, имаме дете и убав однос, соработуваме на деловен план, но не зборуваме за приватни работи. Секој си живее свој живот, секако му посакувам многу среќа – изјави Ана.

Инаку, Марија е ќерка на ИТ експертот Владан Балбан, кој се најде во центарот на вниманието на јавноста поради турбулентната врска со Марија Каран. Медиумите тогаш пишуваа дека актерката му го искршила автомобилот по жестока кавга, а потоа наводно ја удрил со тупаница по лицето.

– Првпат слушам за тој човек, не знам каков однос има со Марија Каран – рекла Ана.

 

 

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес/Антонио Ахел/Часлав Вукојичик

To top