Пејачот Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ пред неколку месеци ставија крај на нивната врска, а изгледа сега Марина има нова љубов, пишуваат српските медиуми. Имено, парот кој беа подолго време заедно и го имаат синот Алексиј, се очекуваше да застане пред олтар и да го каже судбоносното „да“, тие ставија крај на нивното заедничко живеење.
Имено, Марина го напушти домот на Дарко и заедно со синот Алексиј се врати да живее кај родителите. Додека пак набргу по раскинувањето, Лазиќ започна нова емотивна врска со Барбара Бобак, а сега наводно и Марина има ново момче.
Имено, таа на „Инстаграм стори“ објави фотографија на која наздравува со момче на кое не го покажа лицето. Во описот на фотографијата таа стави емотикон кој означува заљубеност.
Поради оваа објава во која покажа емотивен момент, се шпекулира дека таа има ново момче, но дека го крие од јавноста.
Гагиќ досега не се огласи по повод овие пишувања.
Потсетуваме, неодамна беше првото рочиште за старателството над синот на Марина и Дарко. Гагиќ се појави на судењето, но пејачот не дојде во судот. Тој за тоа време беше на одмор во Египет со неговата девојка Барбара Бобак.
фото: принтскрин/рас србија/инстаграм/Никола Томиќ