Неговата директна модна критика без влакна на јазикот, стана секојдневие за многумина познати на домашната јавна сцена.
Некои знаат да му забележат на Сергеј Варошлија, да му се налутат, па дури и да му се заканат со тужба. Но, тој си тера по свое, оригинален во коментарите аргументирани и поткрепени со модно знаење, зошто некоја комбинација е лоша или добра.
Но, не секогаш на Сергеј „му пука душата“ од лоши изгледи, има и такви ликови и нивните модни изданија кои „му лежат на душата“.
Една од нив е младата пејачка Теа Трајковска која уште од почетокот на емисијата „Мода“ на 1ТВ добива само пофалби за својот моден израз.
Теа деновиве снима нов видео спот, а изгледот во истиот таа го објави на Инстаграм, па веднаш се најде на тапет кај Сергеј.
-Тука не гледаме вулгарност, туку добра доза на женственост, сензуалност и сексапил, меѓутоа покажан на вистински начин.Супер коса, супер шминка, одлична е симетријата и пресекот и како композиција и фотографија изгледа многу светски. Браво Теа! – коментираше Варошлија, а со тоа покажа дека она што е добро, ќе добие пофалба без резерва.
фото/видео:pritscreen-you tube