Радио Милева

Мрачни тајни за Анџелина Џоли од зад затворени врати – датилката изнесе ужасни детали!

Мрачни тајни за Анџелина Џоли од зад затворени врати – датилката изнесе ужасни детали!

Анџелина Џоли (44) постојано е на мета на различни, наводно блиски луѓе, кои изнесуваат највалкани приказни за познатата актерка.

Овој пат, тоа е дадилката која минуваше 7 дена неделно, 24 часа, со Анџелина и децата. Како што изјави за американското списание „ОК!“, Анџелина ги нема сите нишки во рацете и не може да ги задржи своите деца. Како што објасни таа – децата се целосно надвор од контрола.

– Таа е мајка која е многу отсутна поради нејзините секојдневни проблеми и кариера, не стигнува да се посвети на децата и тоа е рецепт за неуспех – вели жената.

Дадилката исто така открива дека сè било нормално додека Бред Пит живеел со Анџелина и семејството и дека тогаш имало одреден ред и мир.

фото:профимедиа

Друга во низата скандалозни обвинувања е дека Анџелина, наводно, е претерано зависна од алкохол, и дека таа дури им дава на децата да консумираат алкохол, иако ниту еден од нив нема години кога може да вкуси алкохол.

Потсетуваме, Анџелина еднаш изјави дека секоја вечер пее приспивни песни со различен глас за да ги забавува, и дека нејзините домашни задачи и воспитувањето се во прв план.

Анџелина и Бред имаат шест деца – Медокс (17), Пакс (14), Захара (13), Шило(12), Вивиен и Нокс (10).

To top