Радио Милева

Можеби за другите не е секој ден Велигден ама за Тамара секој ден е Божиќ (фото)

Можеби за другите не е секој ден Велигден ама за Тамара секој ден е Божиќ (фото)

Желбата на детето за родителот е пред сè, па оттука и воопшто не е важно дали има повод за тоа или е вистинското време.

За другите, може секој ден не е Велигден ама за Тамара Тодевска дури и во ноември може да биде Божиќ.

Имено, мама Тамара сакаше да ја израдува својата ќеркичка Хана, па засука ракави и направи божични колачи во форма на елки, месечинки и човечиња.

Резултатот- насмеаното и задоволно лице на Хана и нејзиното полно стомаче.

Тамара успешно жонглира со обврските, но семејството е центарот на нејзиниот универзум за кое ќе направи сè, па дури и Божиќ ќе го донесе порано во домот.

Изминатиот викенд пејачката целосно беше предадена на мајчинските обврски, но во преполното Скопје имаше проблем да најде игротека каде не се слави роденден, а за тоа се покажали на Фејсбук.


Затоа, забавата за Хана и Дарен продолжи дома, а мама на свој терен едноставно е супер мама!

To top