Радио Милева

Може да биде дисквалификувана: Победничката песна на Евровизија е плагијат?

Може да биде дисквалификувана: Победничката песна на Евровизија е плагијат?

Победата на Израел на Евровизија 2018 е загрозена затоа што една од најсветските музички компании се заканила дека ќе пушти тужба до композиторите на израелската песна. поради повредување на авторските права.

Компанијата Universal Music Studios од САД испратила опомена пред тужба до композиторите на песната „Toy“ на Нета Барзилај за Евровизија, тврдејќи дека е копија на песната Seven nation army” која била издадена во 2003 година од групата White stripe.

Израелската телевизија тврди ако овие информации се докажат на суд, Израел може да биде дисквалификувана од Евровизија 2019.

Многумина забележаа дека двете песни се слични,  но адвокатите на американската компанија тврдат дека сличностите во ритамот и хармонијата ги повредува авторските права.

Композиторот на песната ги потврди вестите дека се заканува тужба, така да денес ќе патува за САД за да го реши проблемот.

Сопствениците на американската компанија велат дека доколку се постигне договор, Европската радиодифузна унија може да каже дека песната не е оригинал и не е за натпревар.

Композиторите на песната изјавиле дека писмото ги изненадило, но веруваат дека ќе најдат решение.

Останати вести од Радио Милева