Мегафон

„Мовембер“ – традиционално бербер шоу на фризери и бербери на град Скопје

„Мовембер“ –  традиционално бербер шоу на фризери и бербери на град Скопје

Биди фраер со мустаќи и брада и освој вредни награди! Со доаѓањето на ноември пристигнува и највозбудливиот настан во месецот за мажите -„Мовембер“ традиционалното БЕРБЕР ШОУ НА ФРИЗЕРИТЕ БЕРБЕРИ НА ГРАД СКОПЈЕ во Скопје Сити Мол на 13.11 (недела) од 12 до 17 часот.

„Момчиња, имате точно десет дена да пуштите брада и се вклучите во најмажествената битка на годината“!

Секцијата на фризери – Скопје и Скопје Сити Мол ве канат масовно да се вклучите во богатата програма за одбележување на месецот на машкото здравје со многу интересни и едукативни содржини.

„На пиедестал ќе ги претставиме мајстори бербери од целата земја, кои ќе се погрижат за вашиот изглед да стане уште подоминантен со добро средени мустаќи и бради . „Мовембер“ ги предизвикува најхрабрите да пуштаат брада и мустаќ, а потоа да “паднат” во рацете на најголемите занаетчии во берберската професија. На тројцата со најдобро обликувани мустаќи ќе им бидат доделени вредни награди.

И тоа не е сѐ! Неделната дружба е надополнета со моторџиска изложба, а веднаш потоа и драматичниот избор на најдолг мустаќ. Забавата ќе продолжи во Play Caffe“ – порачуваат организаторите.

To top