Во средата, на 12 јануари, 3 дена пред убиството на Аркан, Цеца Ражнатовиќ гостувала кај Минимакс во емисија.
Во публиката, во првиот ред седел Аркан. Носел црна кожна јакна од модерен крој. Срамежливо се насмевувал, повремено коментирајќи ги „бисерите“ на Минимакс. Веднаш по шоуто, тој посакал да се фотографира со Минимакс, Стефан Миленковиќ, Вук Бојовиќ, манекенката Катарина Ребрац, магионичарот Биг Лале и неговата сопруга.
Едвај седумдесет часа подоцна, Аркан ќе биде изрешетан во фоајето на хотелот „Интерконтинентал“, во сабота, на 15 јануари 2000 година.
Инаку, тој најмногу ја сакал саботата. Само тогаш си дозволувал да спие еден час подолго. А тоа утро по ништо не се насетувало зло.
Тој појадувал со своето семејство. Потоа Цеца отишла да се види со сестра и Лидија, во нејзиниот ексклузивен бутик во хотелот Интерконтинентал, а Аркан да заврши некои ситнии работи.
Велат дека бил видел како пие капучино во кафулето „Трозубац“ во улицата Нушиќева, попладнето. Купил неколку дневни весници во трафиката на автобуската станица на Теразије. Пото седнал со телохранителот во неговиот блиндиран џип и се упатил на ручек во хотелот.
Се сретнал со неговиот стар пријател Миленко Мандиќ на влезот во Интерконтинентал. Приказната вели дека покојните Ражнатовиќ и Мандиќ, за кои биле кобни тие попладневни часови на 15 јануари, седнале во хотелското фоаје само за да ги пополнат тикетите со прогноза.
Мандиќ, половина час пред пукањето, тргнал кон обложувалницата да ги уплати тикетите, но налетал на негов познаник кој се понудил да го направи тоа наместо него. За жал, Мандиќ се согласил и му препуштил на познаникот да го стори тоа…
Двајцата, во друштво со Цеца и нејзината сестра Лидија, ручале во хотелскиот ресторан, а потоа седнале на кобната кожна гарнитура во хотелското фоаје.
Ражнатовиќ се чувствувал безбедно во неговиот омилен хотел (тука се оженил, започнал бизнис, ја основа партијата, овој хотел му бил како втор дом).
Телохранителот, велат, само една минута пред пукањето го испратиле да му ја донесе омиланата сладоледната торта што Аркан ја сакал толку многу.
По трагичната смрт на Аркан, во јавноста се појавија вести дека за време на гостувањето на Цеца кај Минимакс на 12 јануари, Минимакс добил неколку пораки на пејџерот (тогаш немаше мобилни) кои го најавуваат убиството на Жељко, но водителот секако не ги ни прочитал.
Еднатата, наводно, гласела: „Цецо, личиш на Гоца Божиновска“ (алудирајќи на убиството на Зоран Шијан, поранешниот сопруг на Божиновска), а другата: „Аркан, понеси си ја јакната, ладно е таму горе“. Овие приказни подоцна беа демантирани од Минимакс, но…
Погледнете го видеото од последното појавување во живо на ТВ на Аркан: