Мегафон

Морал конечно не почестија со „Кофеин блуз“

Морал конечно не почестија со „Кофеин блуз“

Скопската  група „Морал“  го објави долго најавуваниот албум „Coffeine Blues“, чија промоција се случи минатата недела во пивница „Стар град“ во Старата скопска чаршија. Членовите на бендот со промотивен мини настап претставија дел од песните на  новото ЦД, како најава за вистинскиот   промотивен концерт, кој ќе се случи  на 15 декември во клубот  „Станица 26“ во Скопје, како  и настапите низ повеќе градови во Македонија.

Славчо Стојановски (бас), Сашо Ангелов (тапани), Ивица Јорданов (гитара) и Влатко Илиевски (вокал) покажаа дека се во одлична форма и желни новиот материјал да го отсвират во живо пред своите фанови. Според лидерот на бендот Славчо Стојановски, кој е автор на осум од деветте песни на цедето, и на овој албум е задржан препознатливиот звук на „Морал“, иако песните звучат многу позрело и поразлично од досега.

22528550_2168120309880519_7563158422274412437_n

Како гости на албумот се појавуваат Тамара Тодевска, Слаткар и Игор Џамбазов. За жал, никој од нив, поради наводна презафатеност не се појави на промоцијата, иако членовите на Морал најавија дека тоа ќе се случи на нивните концерти. На некои од песните како специјални гости свират и пејат и старите членови на бендот – Венко Серафимов, Димитар Божиков и Љубо Жишка .
20102017155248_main_moral

Издавач на ЦД -то е  „Горила рекордс“, Урош Вељковиќ  ја направил графичката обработка на обвивката, а Дарко Поповски  се погрижил за добриот звук, додека  Јулија Луна се потпишува како автор на фотографиите за провокативната обвивка на ЦД-то.

To top