Радио Милева

Мораа да му го исклучат микрофонот: Се појави на сцената на Греми и направи хаос (видео)

Мораа да му го исклучат микрофонот: Се појави на сцената на Греми и направи хаос (видео)

Раперот Дрејк до последен момент не сакал да го потврди своето присуство на доделувањето на Греми наградите, но во последен момент одлучил да се појави.

Тој доби Греми за најдобра рап-песна, а со тоа доби прилика да говори пред микрофонот, но тоа што го кажа не им се допадна на организаторите.

“Она со кое се занимаваме е втемелено на мислење, не на факти. Сакам да кажам дека веќе сте победиле ако луѓето знаат да ги пеат вашите песни, ако сте станале херој во својот роден град. Ако постојат луѓе кои ја работат својата работа на дожд и снег, а се спремни да ги потрошат тие пари на карта за вашиот настап, тогаш оваа награда не ви е потребна, веќе сте победиле”, изјавил раперот.

По тоа, тој сакал да продолжи со говорот, но неговиот микрофон бил исклучен и набрзо биле пуштени реклами.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=40&v=57AqIJLId-0

To top