Мегафон

Монобајката „Презимето на розата“ на Оливера Балашевиќ во МНТ

Монобајката „Презимето на розата“ на Оливера Балашевиќ во МНТ
„Презимето на розата“ е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планета двориште“. Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со љубов, но лишено од привилегиите на нејзините врсници, до студентските денови во Нови Сад и љубовта, поезијата, семејството. „Презимето на розата“ е емотивна приказна за најважните вредности на животот, за времето што нè чека да го исполниме со спомени, за борбите и одлуките што не се лесни, но се неизбежни.
По претставата следи промоција на романот „Планета двориште“ и потпишување на книгите од страна на госпоѓа Балашевиќ, со пригоден коктел.
Билетите се пуштени во продажба преку онлајн системот www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.
Изведба и режија: Оливера Балашевиќ
Асистент на режисерот: Јелена Балашевиќ
Дизајнер на светло: Бранислав Агарски
To top