Радио Милева

Моника Белучи првпат го прозва бившиот: „Се надевам дека еден ден ќе почне да се грижи“

Моника Белучи првпат го прозва бившиот: „Се надевам дека еден ден ќе почне да се грижи“

Италијанската актерка Моника Белучи која долго време живее во Франција во интервју откри што мора да прави за нејзините ќерки за време на карантин.

Актерката се наоѓа во самоизолација и таа е единствена која се грижи за ќерките Деви и Леони.

Сама ги завршува сите обврски бидејќи нејзиниот поранешен сопруг Венсан Касел не е премногу заинтеренсиран за децата.

Белучи открива дека не може да оди на плажа, но дека слободното време го поминува во градината.

Таа открива дека нејзиниот свет се врти околу дневните обврски околу децата.

Моника е тажна поради ситуацијата бидејќи сака нејзиниот поранешен сопруг повеќе да се посвети на семејството.

„Се надевам дека Венсан во еден момент ќе започне да се грижи за се ова“ изјави Моника во интервју и ова е една од нејзините први прозивки на екс сопругот во последните неколку години.

фото: гуливер/паскал ле сегретаин./гети имагес

Таа посебно е загрижена за Италија каде што живеат нејзините родители.

„Ситуацијата во Франција е страшна, но секоја вечер кога ќе го видам бројот на жртви во Италија, се запрепастувам. Имам камен на срцето, јас сум емпатична и ја чувствувам болката на другите“ вели актерката.

To top