Радио Милева

Моника Белучи на црвен килим прошета со 16 години помладото момче, а сите и порачаа дека тој изгледа запуштено! (фото)

Моника Белучи на црвен килим прошета со 16 години помладото момче, а сите и порачаа дека тој изгледа запуштено! (фото)

Италијанската актерка и една од најубавите жени на светот, Моника Белучи, на црвениот килим на „Elle charity Gala“ вечерта во Мадрид се појави со 16 години помладото момче Николас Лефебвере.

Бидејќи важи за една од најстилските жени, овој пат реши малку да го промени стилот, па за оваа прилика избра долг цветен фустан.

Она што ги изненади сите, е новото момче на актерката, кој е прилично помлад од неа.

Многумина, па дури и нејзините фанови прокоментираа дека тој не е за неа и дека не е оној „вистинскиот“ бидејќи е „премногу запуштен“ за една од најубавите жени на светот.

фото:elle spain

To top