Моника Белучи изгледаше сензационално додека присуствуваше на ревијата “Alexandre Vauthier Fashion Show” на недела на модата во Париз.
Актерката се појави во црна свилена кошула во комбинација со црн блејзер и панталони во истата нијанса. Италијанската ѕвезда го надополнила ваквиот стајлинг со црн пар чизми на платформа и црна чанта, а од накит носела сребрен ѓердан околу вратот.
Филмската ѕвезда била многу расположена.
Моника е моментално во врска со 36-годишниот Николас Лефевре со кој се верува дека е во врска од мај 2017 година, 4 години по разводот од поранешниот сопруг Винсент Касел. Таа признала дека некое време излегувале и дека работите добро се одвивале, а потоа изјавила:
„Мојот партнер не работи иста работа како мене, но тој многу патува. Неговиот ритам на живот го надполнува мојот“ изјави Моника.
Белучи прво се занимавала со манекенство, а кариерата ја започнала како модел за “Dolce & Gabbana” и “Dior” пред да премине на актерството.