Богдан Срејовиќ, емотивниот партнер на фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ, го прослави својот 38-ми роденден со своите најблиски во ресторанот, а претходната вечер имаше романтични моменти, сам со Цеца на базенот, во интимна атмосфера. Тие не се разделуваа цел ден, а вечерта го прославија неговиот роденден со пријателите и семејството во еден белградски ресторан.
Покрај Цеца, на прославата присуствувале и нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ, сестрата Лидија, снаата Богдана Ражнатовиќ, како и пријателите на Богдан, а многумина коментираат дека пејачката и нејзиниот партнер блескале еден покрај друг.
„Поради пандемијата, Богдан не сакаше да прави голема забава, туку ги собра само најблиските. Тој го прослави роденденот со Цеца, на базен, во романтична атмосфера, по што го поминаа целиот ден заедно. Пред да пристигнат гостите, тие уживаа на ручек сами и се посветија еден на друг, а потоа следуваше интимна прослава истата вечер, иако славеникот не сакаше да открие што добил на подарок од неговата сакана“ – изјавил извор за српските медиуми.
Срејовиќ имал три роденденски овошни торти со огномет, па тој ги дувал свеќичките со ќеркичката Искра во рацете. Атмосферата билае одлична и Цеца уживала во прославата.
Фото: АТА имиџис/ приватна архива/Instagram prinscreen/cecaraznatovic/Srbija Danas