Иако во серијата „Истанбулската невеста“ го игра ликот на лошата Ипек, која на многумина им го загорчува животот, турската актерка Дилара Аксујек приватно води сосема поинаков живот и вели дека приватно никогаш не би живеела како Ипек.
Кога е љубовта во прашање, таа е во врска со актерот Чејхун Менгироглу, кој го гледавме во серијата „Парампарче“ каде беше момчето на Џансу.
-Во врска сум со човек кој го сакам најмногу на светот и сум многу среќна. Нашата врска е прекрасна. Уживам да го минувам времето со мојот сакан.
По прашањето дали наскоро се гледа во брак, таа вели:
-Секако, како и секоја заљубена жена. Сепак, засега немаме време да размислуваме на венчавка. Уште сме млади.
Бидејќи имаат иста професија, тие еден на друг се најдобри критичари.
-Сакам да го послушам неговиот конструктивен совет, баш како и тој мојот, завршува актерката.