Таткото на Милан Станковиќ, Горан Станковиќ, служел повеќегодишна затворска казна, а по пет години робија тој починал под неразјаснети околности, пишува „Србија Данас“.
Милан на почетокот од кариерата говореше за овој болен период од неговиот живот и изјави дека се сомнева дека неговиот татко навистина загинал во затвор.
Имав само пет месеци кога мојот татко отиде во затвор. Затоа и не се сеќавам на него, но низ глава ми минуваат слики од посетите во затворот. Никогаш не сум имал чувство дека имам татко, туку некој чичко кој повремено сум го гледал.
Мојот татко поради долг убил некој човек со кого работел во пекара. По пет години во затворот ни соопштија дека паднал од скеле и загинал, но не верувам во тоа. Мислам дека се работи за крвна одмазда.
Не знам каков би бил да растев со татко, но секогаш се чувствував инфериорно. Кога во друштво ќе кажев дека немам татко предизвикував сожалување, како јас да сум виновен што тоа е така. Најтешко ми паѓаа писмата кои ги праќаше од затворот. Еднаш случајно ги најдов и бев целосно изгубен. Знаев дека не можев да го вратам. Почувствував колку секое писмо му е поинакво, во некои препознавав очај, а понекогаш оптимизам.
Мајка ми и покрај се ме издржуваше и се бореше за мене и сестра ми. Работеше во трафика, пеглаше, чистеше по куќи. Често позајмуваше пари, изјави Станковиќ пред 10 години за медиумите.“