Радио Милева

„Мојата убава снаа“: Цeца објави фотографија од Богдана во 9-иот месец во бременоста (фото)

„Мојата убава снаа“: Цeца објави фотографија од Богдана во 9-иот месец во бременоста (фото)
фото: Никола Томиќ

Цеца Ражантовиќ во текот на вчерашниот ден ја посети снаата во нејзиното родно место Тител каде што семејството ја слави славата Ѓурѓовден.

Цеца едвај чека да стане баба, а тоа ќе се случи за кратко време бидејќи Богдана е веќе во деветиот месец од бременоста.

Фолк пејачката објави фотографија од нејзината бремена снаа која има „стомак до заби“, а Богдана позира во дворот во опуштено издание односно во тренерки и патики.

„Мојата убава снаа“ напиша Ражнатовиќ во описот на фотографијата.

За потсетување, Вељко и Богдана ќе добијат син за кој го одбраа името Жељко.

Останати вести од Радио Милева