Албанската пејачка со македонска адреса, Аделина Тахири Марков, деновиве во домот има дополнителна причина за радост, смеа и забава, најмногу за нејзиното синче, но и за неа и сопругот.
Имено, Аделина на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии преку кои покажа дека сега имаат уште еден член, а тоа е преслаткото кученце Симба.
„Моето ново бебе, Симба, напиша Аделина во описот на фотографијата.
Инаку, оваа раса на кучиња, померанец, е доста популарна периодов и нивната цена на пазарот за миленици се движи околу илјада евра.
Од неодамна ист ваков примерок, но женка, има и пејачката Викторија Лоба.