Ако во Македонија за модни критики го имавме Сергеј Варошлија, во Србија тоа сигурно е Саша Видиќ.
Саша без влакна ја јазикот знае да ги прокоментира односно да ги пофали или жесто искритикува модните комбинации на јавните личности.
Јелена Карлеуша, Цеца, Драгана Мирковиќ, Лепа Брена, Дара Бубмара, Сара Јо, но и многу други јавни личности знаат да се најдат на тапет кај Видиќ.
Овој пат на ред дојде и Слоба Радановиќ, за кој модниот креатор воопшто не се штедеше.
Поранешниот учесник во „Задруга“ се најде на мета на критики поради стилот на облекување.
„Многу мажи во Србија носат панталони кои се тежни во меѓуножјето И што ќе прават тогаш? Нема да има бебе. Затоа одлучив да им понудам опција, краставица. Кога ќе дојдеш Слобо на море, ти стави краставица и пеј, како вистински заводник. Значи Слобо, во овие хеланки убаво стави краставица, па нека ти биде до колена“ изјави познатиот креатор.
Како ќе реагира Слобо кога ќе ги слушне коментарите не знаеме.