Некогаш таа важеше за една од најубавите жени на светот. Беше една од најбараните манекенки и топ модели, кои чекореа по светските модни писти и ги красеа насловниците на најугледните и најтиражни модни списанија во светот.
Како минуваа годините, така славата и убавината полека го губеа својот сјај, но онашто папараците го уловија и објавија како фотографии со право ве става во дилема и со чудење да се запрашате: „Жено, што си направила од себе?!
Имено, Кејт Мос (43) беше фотографирана од папараците, додека таа им даваше божиќни подароци на нејзините соседи, па сите што ги видоа фотографиите коментираат дека Кејт се здебелила до непрепознатливост.
Во тотално опуштено издание, Мос покажа дека не и пречат вишокот килограми, а фотографите ја снимиле додека се шетала со нејзиниата пријателка и песот Арчи.
Ретка прилики да ја видиме британската манекенка и модел во „домаќинско“ издание… и тоа ептен опуштено!