Американскиот мултимилионер Ден Билзериан или како што го нарекуваат кралот на „Инстаграм“ со луксузна јахта и згодни девојки пристигна во Сплит, пишува 24сата.хр
Освен што го нарекуваат крал на „Инстаграм“, тој ја носи и титулата за најзгоден плебејбој. Тој е коцкар и сопственик на фирма, а со луксузниот начин на живот често се фали на социјалните мрежи.
Неколку пати неговиот профил на „Инстаграм“ беше суспендиран поради експлицитни содржини.
Ден се пофали со неговото доаѓање во Сплит, но преголемата јахта не ја собирала на Западниот брег, па ставиле само гориво и продолжиле со пловидбата, наведуваат граѓаните на Сплит кои биле на местото на настанот.
Прво, на „Инстаграм“ се пофали со слетувањето на аеродром, а потоа и со секси девојките на мега јахтата.
Девојките кои се во близина на „кралот на „Инстаграм“ се модели, згодни инфуленсерки, но и акетрки на филмови за возрасни…