Една од најубавите актерки, Моника Белучи вчера го прослави својот 56 роденден.
Актерката од тинејџерка порасна во вистинска убавица.
Нејзините фотографии од детството покажуваат дека таа многу се променила и не личи повеќе на себе. Многумина тогаш ја нарекувале „грдото пајче“ кое порасна во лебед.
View this post on Instagram
Денес, таа пркоси на естетската хирургија и затоа ја обожаваат насекаде низ светот.
– Убавината е хендикеп ако сте глупави, не ако сте интелигентни и знаете како да ја користите. Се чувствувам добро и пријатно во своето тело, но не затоа што сум убава. Познавам многу убави луѓе и нивните животи се страшни. Тие се многу несигурни. Среќна сум што ме сакаат и имам прекрасно семејство, рече Моника.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Италијанската актерка е родена во малото гратче Чита ди Кастелно во провинцијата Умбрија во скромно семејство.
Првата улога ја доби во култниот филм „Дракула“ во 1992 година, во кој играше една од трите жени вампири на Дракула.