Радио Милева удри и по фановите

„Многу сум разочаран“: Пике е загрижен за здравјето на неговата нова љубов, а како причина го посочи однесувањето на Шакира

„Многу сум разочаран“: Пике е загрижен за здравјето на неговата нова љубов, а како причина го посочи однесувањето на Шакира

Поранешниот фудбалер Жерар Пике зборуваше за хит песната на Шакира „Bzrp Music Sessions, Vol. 53“, во која пејачката ги повика него и неговата девојка Клара Чиа.

Зборувајќи со новинарот Жерар Ромеро на Твич, Пике навести дека неговата поранешна не се грижи за чувствата на другите.

„Денес е многу модерно да се напаѓа човек, но не размислуваме за последиците што може да ги има на ментално ниво за личноста кон која е насочена“, коментира тој, додавајќи:

„За една личност излегува одлично, но за другата личност за која не размислуваме потоа“, рече тој и додаде:
„Што треба да се случи? Можеби некој ќе се самоубие, а ние ќе кажеме: „Ох, отидовме ли предалеку? Многу сум разочаран од општеството“, изјави тој, а ги критикуваше и обожавателите на Шакира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique)

Со сериозен тон, Пике откри дека песната на Шакира го натерала да се чувствува како да е мета.

„Не знаете што добив од нејзините обожаватели. Не ми е гајле бидејќи тие се луѓе кои воопшто не ги познавам“, рече тој.

„Не знам, можеби немаат живот. Каква важност треба да им дадете? Нивната важност е нула. Никогаш нема да ги сретнете во животот, тие се како роботи“, додаде тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Да потсетиме, Шакира вчера ја напушти Шпанија со двата сина и со нив планира да започне нов живот во Мајами.

фото:EPA/Carlos Durn Arajo, EPA/Ciro Fusco/Instagram

To top